1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајкови во германските покраини

7 март 2012

Поради предупредувачкиот штрајк во јавниот сектор, утрово (07.03) не сообраќаат автобусите и трамваите во покраините Северна Рајна Вестфалија и Баден Виртемберг.

https://p.dw.com/p/14GDJ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Освен вработените во сообраќајните претпријатија, штрајкуваат и вработените во детските градинки, институциите и базените. Денеска не работат ниту комуналните служби. Во многу болници во служба е само итната помош.

Цела недела наизменично се штрајкува во различни германски покраини. Причина за штрајковите се барањата на синдикатите за поголеми плати за околу два милиона вработени во Германија.

Warnstreiks in NRW
Автобусите и трамваите останаа во гаражитеФотографија: picture-alliance/dpa

Имено, синдикатот бара при тарифните преговори да се утвди зголемување на примањата на вработените за 6,5 проценти. Како социјална компонента покачувањето треба да изнесува најмалку 200 евра месечно. Работодавачите ги одбија ваквите барања, без притоа да дадат свој предлог.

Наредната преговарачка рунда е закажана за 12 и 13 март.

Автор: АТ/ АМ/ дв/ дапд

Редактор: Е. М. Фиданоска