1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што премолчуваат Меркел и Шојбле?

Ролф Венкел/превод:БГ17 јули 2015

Во драмата околу Грција секој си ја прекројува вистината како што му одговора. Не го прават тоа само салонските комунисти во Атина, туку и германската канцеларка и нејзиниот министер за финансии. Коментира Ролф Венкел

https://p.dw.com/p/1G0Qw
Фотографија: Reuters/F. Bensch

Канцеларката, нејзиниот министер за финансии и нивните колеги во ЕУ се очигледно мајстори во замаглување на реалноста. Тие инсистираат дека никакво простување на долгови за Грција не доаѓа предвид, се однесуваат како Атина во некоја далечна иднина ќе биде во состојба да го врати својот долг.
Меѓународниот монетарен фонд и многу познати економисти јавно го говорат она што даночните обврзници во Европа веќе го знаат: 11. милиони Грци никогаш нема да можат да го отплата целиот долг од 323 милијарди евра. Делумно отпишување на долгот и значително продолжување на роковите за остатокот би и дало на оваа измачена земја нова перспектива.

Глупави идеи

На политичарите навистина би им прилегало малку повеќе искреност кон гласачите и даночните обврзници. Политичарите би морале да признаат дека беше апсурдна идејата заедничката валута да се воведе пред воведувањето на заедничката економска, фискална и социјална политика. Тие би морале да признаат дека беше апсолутно глупава идејата во овој клуб да се повикаат земјите од југот, со нивните меки валути и на тој начин да им се укине можноста грешките во својата економска политика да ги порамнуваат со девалвација на својата валута.
Повеќе искреност за даночните обврзници исто така би зналеча и оваа горка вистина: парите од првите два програми за помош на Грција исчезнаа, а истото ќе се случи и со третата. Но, треба да се биде доволно искрен и тие нови фондови да не се нарекуваат кредити, туку да се именуваат со вистинското име: финансиска помош за народ кој е во неволја. Клаузулата во договорите од Лисабон за тоа дека нема да има спасување, и онака никој сериозно не ја сфаќа- најмалку од сите шпекулантите на финансиските пазари.

Wenkel Rolf Kommentarbild App
Ролф Венкел

Техничка помош

Околу 70 проценти од Грција сакаат да останат во еврозоната, ако за ништо друго тогаш барем затоа што на тој начин владејачката политичка елита нема да може своите приврзеници и клиенти да ги опсипува со пари кои ги печати на сопствените машини. Толкава храброст треба да биде наградена не само низ финансиска, туку и техничка помош.
Па така, Атина, доколку веќе не сака или не може да го намали својот огромен апарат на вработени во државната служба, би можела барем да го преквалификува. Убеден сум дека со доволно техничка помош од остатокот од Европа и Грците можат да научат коректно книговодство, да изградат даночна администрација и да воведат катастерски книги. Но, прво мора да се спроведе докапитализација на банките. Бидејќи без пари и доверба во банките колабира и најздравото стопанство- независно од прашањата дали на економско џуџе како Грција му се баш потребни четири големи банки.
Пред сите, канцеларката и нејзиниот швапски благајник треба да размислат за делумно или целосно отпишување на долговите. Такво случаи имаше и порано. Кога во 1953 година беше потпишан ткн. Лондонски договор, доверители на младата Сојузна Република Германија и простија поголем дел од долгот и така го овозможија германското повоено економско чудо. Патем, меѓу доверители кои тогаш се откажаа од своите пари беше и Грција.