1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што остана од ГУС – 15 години по основањето?

Брита Клајман8 декември 2006

Кога се распадна Советскиот сојуз во 1991-та година, беше основана Заедницата назвисни држави наследнички, што е позната под кратенката ГУС. Само трите Балтички држави Летонија, Литванија и Естонија не му пристапија. 15 години подоцна – сојузот се наоѓа во распаѓање, дневниот ред го полнат внатрешни судири, а вистинската соработка постои само на хартија.

https://p.dw.com/p/Adv6
„Семејна фотографија„: претседателите на земјите членки на ГУС во Москва
„Семејна фотографија„: претседателите на земјите членки на ГУС во МоскваФотографија: AP

“Дебатен клуб на земји што порано му припаѓаа на Советскиот сојуз“; “Погребално претпријатие на Советскиот Сојуз“ ; “Полумртовец, кој никогаш ни не заживеал“ - ова се најчестите коментари денес, кога станува збор за Здружението на поранешните советски републики, ГУС. Ова здружение, 15 години по основањето, се наоѓа на најдобар пат да се распушти, сметаат експертите.

Тоа не беше од секогаш така: на почетокот имаше повеќе сосема практични и важни прашања, што владите на ново создадените суверени држави мораа да ги решат по пат на дијалог. Тука беше атомското оружје наследено од Советскиот Сојуз, потоа судбината на развиените економски односи, хуманитарни прашања и регионални кризи. Поради сето ова највисоките претставници на власта се среќаваа на секои два - три месеци. Од таа гледна точка, на ГУС мора да му се признае дека одигра позитивна улога, смета историчарот Герхард Симон од Универзитетот во Келн:

“Успеа обидот на релативно мирен начин да се организира преминот од Советскиот сојуз на поголем број независни држави. Таму не се случи југословенско сценарио, немаше крвопролевања – што не беше само по себе разбриливо.“

Денес во ГУС доминираат конфликти од друг вид, имено меѓу Русија и земјите кои се ориентираат кон Западот, како Украина, Грузија или Република Молдавија. При тоа доаѓа до израз нерамноправниот статус на земјите членки на ГУС – суштинска грешка присутна во организацијата уште од самото раѓање:

“Заедницата стана инструмент на Русија за обезбедување на нејзината сфера на интерес во модерниот свет“ - оценува амбасадорката на Грузија при ЕУ, Саломе Самадашвили.

Дури ни претседателите на земјите членки не се либат повеќе од критика на сметка на Русија:

“Едноставно не можеме да се ослободиме од синдромот на советското царство. Не смееме за на век да зборуваме за помлади и постари браќа во заедницата“ - истакна на неодамнешниот самит во Минск претседателот на Република Молдавија, Владимир Воронин.

Покрај ваквите проблеми и настојувања за еманципација на помалите членки на ГУС, може да се каже оти никој не размислува сериозно за негово распуштање. Тој веројатно ќе остане и понатаму она што е сега: организација што не им е многу од полза на членките, но и не им нанесува некоја штета.