1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што знаел папата за силувањата?

26 март 2010

Ватикан им противречи на информациите во „Њујорк тајмс“ од 24 март, според кои, папата Бенедикт Шеснаесетти како кардинал Јозеф Рацингер лично бил запознат со случаите на злоупотребување деца во надбискупијата Милвоки.

https://p.dw.com/p/Mdmp
Папата Бенедикт ШеснаесеттиФотографија: picture alliance/dpa

Станува збор за поодамнешен случај: „Тоа е еден од најлошите случаи на злоупотребување во американската црковна историја,“ вели Питер Исли од американското здружение на жртвите СНАП.

Жртвите говорат

Venedig - Teelichter in der Kirche Santa Maria della Salute
Фотографија: picture-alliance/ dpa

На свештеникот Лауренс Марфи, кој почина во 1998 година, му се префрлува дека злоупотребувал до 200 момчиња во периодот меѓу 1950 и 1974 година, кога тој предавал во училиште за глувонеми деца во сојзуната држава Висконсин. По префрлувањата за злоупотребување, свештеникот бил преместен во друга диецеза, каде понаму смеел да работи со деца. Во мај мината година здруженијата на жртвите изнесоа документи за случајот, а жртвите ја раскажаа својата приказна. Еден од нив е 62 годишниот Артут Бурџински, кој преку неговата ќерка зборува за медиумите: „Шестпати на различни места“, толку често бил злоупотребен од отецот Лауренс Марфи, вели Бурџински. Папата знаел за тоа и затоа мора да биде повикан на одговорност, вели веројатната жртва од надбискупијата Милвоки.

Тешки обвинувања за папата

„Њујорк тајмс“ во средата пишуваше, дека денешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, во негово време како раководител на католичката верска конгрегација повеќепати директно дошол во допир со случајот Марфи. Тоа го докажуваат интерни документи на Ватикан. Според истражувањата на весникот, се случило следново: Во 1996 година надбискупот од Милвоки, за случајот Марфи, двапати му напишал писмо на кардиналот Јозеф Рацингер. Неговиот заменик Бертоне одговорил очигледно осум месеци подоцна и препорачал да се поведе внатрешна постапка во црквата и отецот да се расчини. Но потоа Бертоне очигледно ја стопирал постапката, откако тешко болниот свештеник Марфи лично му напишал на кардиналот Рацингер. Во него, покрај другото, најверојатно биле напишани и следниве зборови: „Едноставно сакам времето, кое ми преостанува, да го доживеам достоинствено со мојата свештеничка служба. Ве молам за вашата добродушна помош.“

Kruzifix / Kreuz / Kirche / NO-FLASH
Фотографија: AP

Меѓу документите во Ватикан не постои укажување дека кардиналот Рацингер одговорил на писмото. „Њујорк тајмс“ пишува дека случајот Марфи е само еден од илјадниците случаи за злоупотребување во САД, за кои била информирана верската конгрегација во Рим. Tешки обвинувања за папата, кој во 2008 година за време на посетата на САД се покажа шокиран од скандалот со злоупотребување во американската црква. „Немам зборови, да ги опишам болката и страдањата, кои ги предизвикаа злоупотребувањата,“ рече тогаш Бенедикт Шеснаесетти и доби пофалби оти јавно проговори за темата.

Ватикан ги отфрла обвинувањата

„Њујорк тајмс“ му приложи на Ватикан документи, врз кои се темели извештајот и побара да заземе став, пред тој да биде објавен. Портпаролот на Ватикан Ломбарди ги отфрли префрлувањата, дека Ватикан и кардиналот Рацингер сакале да го прикријат случајот Марфи. Тоа било трагичен случај, смета Ломбарди, и укажува дека Ватикан бил информиран за случајот долги години откако се случило наводното злоупотребување. Во тој период полицијата веќе одамна го имала истражено случајот и ја прекинала истрагата.

Vatikansprecher Federico Lombardi
Федерико ЛомбардиФотографија: DPA

На прашањето зошто Марфи не бил расчинет, Ломбарди одговара, дека црковнот право не предвидува автоматски казни. За донесување на одлуката улога играла лошата здравствена ситуација на Марфи и фактот дека обвинувањата против него се од поодамна.

Автор: Сабине Милер/Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска