1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што е среќа?

Штефани Цобл / Е. Милошевска Фиданоска13 јануари 2013

Среќна Нова година и среќен Божик! Оваа реченица е стандардна на крајот на декември и почетокот на јануари, но што е всушност среќа? Секој си има свој одговор!

https://p.dw.com/p/17BVR
Фотографија: picture-alliance/dpa

Жулиет Кетехондје, земјоделец од Бенин, вели:

„Да се има среќа значи да се постигне неочекуваното и животот да се промени на позитивно и тоа не само за себе, туку за заедницата, семејството, околината и земјата.“

Франц Ференбах, шеф на Надзорниот одбор на „Бош“ од Германија нагласува:

„Лична среќа е кога на семејството му оди добро, сите се здрави и кога можеме да се сретнеме одвреме-навреме.“

Главниот уредник на Радио Сур од Аргентина, Инес Фарина, е убедена:

„Мислам дека на среќата треба да и‘ се ’помогне’. Мора да се работи на тоа да се биде среќен, не се‘ да му се препушти на случајот. Така ќе се добие тоа што се сака.“

Symbolbild Optimismus Leute Freizeit Daumen hoch
Фотографија: Fotolia/Yuri Arcurs

Светлана Јераскова, психолог од Русија, смета:

„Среќата е чувство за кое често не сме свесни и не го забележуваме се‘ додека не го загубиме.“

Влад Туранскиј, ПР-менаџер од Русија пак, оценува:

„Некој бара среќа за семејството, друг среќа во кариерата. Јас во оваа животна фаза сум пред се‘ кариерист. Кога ќе се реализирам себеси и ќе ги остварам целите, ќе бидам среќен човек.“

Аднан Џафар, шеф на ресторан во Ерусалим, вака ја дефинира среќата:

„Многу бев среќен кога се родија децата. Тоа беше најголема среќа. Парите или работата не те прават среќен, туку да ги гледам децата како растат, да склучат бракови. Тоа за мене е среќа.“