1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што е оригинално, а што фалсификат?

Франк Хофман/ Зоран Јордановски 8 декември 2012

На пазарите во Приштина се продаваат маици, панталони и палта од големи светски марки. Меѓутоа девет од десет производи се фалсификувани. На косовската царина и недостасува персонал за борба против оваа измама.

https://p.dw.com/p/16pXa
Фотографија: picture-alliance/dpa

Пазар за алишта на периферијата на Приштина - сигурно место за трговците со фалсификат-производи на познати марки. Иследници од меѓународните производители овде досега не се видени.

Пуловери од познати производители од целиот свет. Проблем е само што сите се фалсификат. Бајрам Гаши се држи настрана од тој бизнис, но знае што прават колегите околу него. „Не, не, нема ниту еден единствен оригинал од Адидас. На пример, фармерки чинат 20 евра - оригиналот би чинел 70 или 80 евра. Ова е само мамење на народот“.

Контејнери со евтини алишта доаѓаат во најголем дел од Кина, но и од Турција.

Shopping Konsum Einkaufen Billig Symbolbild
Голем процент на брендирани производи на Косово се фалсификатФотографија: Getty Images

Пример на глобализација меѓу кинеското текстилно упориште Гуангжонг и најмладата европска држава Косово.

„Одиме таму на своја рака, а потоа нарачуваме преку интернет или по телефон. Разговараме на англиски, но има Кинези кои зборуваат и српски јазик“.

Косово, со 90 проценти албанско население, од пред пет години е независно од Србија, но е набљудувано од ЕУ.

Таа треба да им помогне на косовците да ги почитуваат меѓународните правила. Од неодамна марките можат да бидат регистрирани - но досега се пријавени одвај 33.

Царината тешко се справува со пиратеријата

Царинската служба не може да се справи со пиратеријата, дотолку повеќе што сега има и еден нов трик.

Kosovo Hauptstadt Pristina
ПриштинаФотографија: picture-alliance/dpa

„Деновиве регистрираме увоз на текстилни производи без било каква ознака на марката, а потоа се увезуваат, подобро речено се шверцуваат етикети и овде се ставаат врз производите“, вели Адриатик Ставилеци од Царинска служба на Косово.

На пазарот за алишта понекогаш дури и младите продавачи не се веќе толку сигурни што е оригинал, а што фалсификат.

„Ова е оригинал ГЕП, го купив во продавница во центарот на градот - тоа сигурно доаѓа како оригинал од Турција“.

„Нема врска, ова е фалсификат. Да беше оригинално, не ќе беше веќе сега толку избледено“.

Збркана работа. Бајрам Гаши не се впушта во тоа: ја продава својата стока таква, каква што е - како евтини алишта од Кина и така заработува пари. И тоа е можно во Косово, една од најсиромашните земји во Европа.