1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шредер: Советот на Европа е важен, но за да има перспектива мора да е способен за промени

17 мај 2005

Советот на Европа се наоѓа во криза на смислата на постоењето. Грандиозниот самит во Варшава треба да му помогне во наоѓањето излез. Денеска, уште пред почетокот на работата на вториот ден на самитот, е потпишана декларација со која Советот и Организацијата за европска безбедност и соработка – ОБСЕ меѓусебно се обврзаа на подобра соработка. Советот на Европа има големо значење, но иднината му зависи од

https://p.dw.com/p/AcFR
Од самитот на Советот на Европа во Варшава
Од самитот на Советот на Европа во ВаршаваФотографија: AP

�еговата способност да се менува и прилагодува – оцени германскиот канцелар Герхард Шредер.

Распределбата на моќта во Европа треба да се преуреди, а важна улога притоа треба да игра актуелниот претседавач со Советот на Европската Унија, луксембуршкиот премиер Жан-Клод Јункер. Тој треба да се погрижи да се минимизира негативниот ефект на обете страни што произлегува од проблемите на релација Совет на Европа – Европска Унија. Задачата, како што самиот рече, радо ја презема: „Уште кога бев млад студент во Стразбур, секогаш ја следев работата на Парламентарното собрание на Советот на Европа. А тоа го правам и денес. Кога ги подготвувам говорите, се инспирирам од извештаите на Советот на Европа, кои се извонредни и се вистински извор на инспирација“ – рече Јункер во Варшава.

Но, неговата поддршка за Советот не менува ништо на фактот дека таа организација се наоѓа во криза на политичката смисла на своето постоење. Негови земји-членки, како на пример Украина, го сметаат Советот на Европа делумно како тврдина од која треба да се одбијат нивните амбиции за пристапување кон ЕУ. На меѓународна критика актуелно е изложен и „парадниот коњ“ на Советот на Европа – Судот за човекови права во Стразбур. Во барањето за радикални мерки претседателот на Судот Вилднабер образложи дека таму во фиоките лежат необработени 80 илјади тужби за повреди на човекови права.

Германскиот канцелар Герхард Шредер се искажа за јакнење на организацијата формирана во 1949-та година: Советот на Европа има големо меѓународно значење, без него не се може, но иднината сепак му зависи и од неговата способност на промени – „кој сака да има перспектива во едно време на брзи промени, не смее да остане на постигнатото“, оцени Шредер на собирот во Варшава. Тој и’ оддаде признание на повеќедецениската работа на Советот за придржување кон човековите права: „Оттука, ние заеднички треба да се заложиме за олеснување и подобрување на работата на Европскиот суд за човекови права. Друга важна тема е обезбедувањето на слобода на мислењето и на медиумите. Политичка задача на Советот на Европа е да постави стандарди во таа област. Актуелно ние сме повикани да се бориме против три камшици на човештвото: тероризмот, трговијата со луѓе и перењето пари“.

46-те европски држави денеска ќе усвојат конвенции за сите три теми, со кои на пример треба да се подобри спречувањето на финансирањето на тероризмот преку перење пари.

Инаку, канцеларот Шредер по краткиот настап на самитот на Советот на Европа, отпатува од Варшава за Прага, во посета на Чешка.