1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпионска треска на Крим

Роман Гончаренко
26 ноември 2016

На руската и украинската страна има сѐ повеќе апсења и взаемни обвинувања за шпионажа. Тоа дополнително го оптоварува односот помеѓу Русија и Украина, особено пред новите разговори во Минск.

https://p.dw.com/p/2TIZx
Ukraine Krim Fotoreportage Sewastopol
Фотографија: DW/Y. Vishnevetskaya

Леонид Парчоменко по налог на Украина имал задача да ја шпионира руската црноморска флота на Крим и затоа е уапсен, извести во четвртокот руската тајна служба ФСБ, која делува во внатрешноста на земјата. Руската државна телевизија покажа снимки од еден 50-годишник, кого го одведуваат маскирани луѓе, а потоа го сослушуваат. Парчоменко е поранешен офицер на руската црноморска флота и порано работел во нејзиниот штаб во Севастопол. Поради „предавство“ сега му се закануваат 20 години затвор.

Она што самиот Парчоменко вели на овие обвинувања, не се наведува во извештаите од Москва. Украинското Министерство за одбрана во Киев соопшти дека се работи за уште една провокација. „За тој човек не знаеме ништо“, констатираше еден гласноговорник. Ова се случи само неколку дена откако украинските безбедносни служби уапсија двајца руски војници на сегашната граница помеѓу Крим, полуостров анектиран од страна на Русија, и украинското копно. Тоа беа украински војници, кои по анексијата во 2014. година останале на Крим, каде ѝ служеле на руската армија.

Руската страна случајот го прикажа така што тврди оти момчињата во Украина сакале да подигнат потврда за нивното школување. Потоа на еден премин се намамени во замка. Рускиот претседател Путин во средата го нарече овој инцидент перфидна и смислена акција. Шефот на дипломатијата Сергеј Лавров го окарактеризира случајот како чиста „провокација“. Украинската страна, меѓутоа, тврди дека се работи за дезертери, со оглед на фактот оти по анексијата на Крим илјадници припадници на украинската војска преминале на руска страна.

Ukraine Kateryna Lutska - Proteste vor Botschaft für die freilassung des Journalisten Roman Sushchenko
Фотографија: DW/K. Lutska

Се надева ли Киев на размена?

Овој и други случаи покажуваат шема во односите по принципот: „Како ти мене, така јас тебе!“. Во Русија и Украина се шпекулира и за тоа дека Киев е заинтересиран за размена на руски војници, како со Русија така и со проруските сепаратисти во Источна Украина. Обвинувањата за шпионажа се трупаат пред се’ на руска страна. На почетокот на ноември ФСБ пријави апсење на тројца Украинаци на Крим, кои наводно подготвувале саботажа. Неколку дена подоцна се уапсени уште две лица, кои се обвинети за исто дело како и претходните. Министерството за одбрана ги отфрли наводите оти се работи за нивни соработници.

Крајот на септември на општо изненадување во Москва е уапсен украинскиот новинар Роман Сушченко. Коресподентот од Париз на укринската државна новинска агенција е обвинет дека како офицер на украинската воена разузнавачка служба шпионирал во Русија. Сушченко, исто како и службен Киев, ги отфрли овие обвинувања.

Затегнување на односите

На порчетокот на август се одгира досега најспектакуларниот случај. ФСБ тогаш извести оти спречил терористички нападни на украинските тајни служби. На Крим се уапсени неколку Руси и Украинци, а најмалку двајца се наоѓаат во затвор. За време на конфликтот на границата меѓу, сега, рускиот Крим и Украина е убиен еден соработник на ФСБ. Поради тоа рускиот претседател Путин на почетокот на септември ја откажа средбата во т.н. „нордмански формат“ за украинската криза, закажана на маргините на самиот на Г20 во Кина. Оваа средба е одложена за окотомври, кога и е одржана во Берлин.

Во вторник наредната недела во главниот град на Белорусија, Минск, повторно ќе се одржи средба во „нордмандски формат“ посветена на кризата во Украина. Министрите на надворешни работи на Германија, Франција, Украина и Русија имаат намера да разговараат за реализација на конкретниот план за спроведување на договорот од Минск за решавање на вооружениот конфликт во Источна Украина. Најновите апсења во Крим дополнитело ќе ги оптоварат затегнатите односи помеѓу Москва и Киев.