1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпанците во полуфинале, Италија и Англија се борат против сенките на минатото

Дирк Кауфман /бета/ Е.М. Фиданоска24 јуни 2012

Фудбалската репрезентација на Шпанија се пласираше во полуфиналето на Европското фудбалско првенство со головите на Чаби Алонсо, кој беше двократен стрелец против Франција.

https://p.dw.com/p/15KVW
Фотографија: Reuters

Шпанија сосема ја контролираше играта во првото полувреме, но освен акцијата во 19. минута, кога и беше постигнат првиот гол, недостигаше завршница. Французите во второто полувреме влегоа поофанзивно отколку во првото, но поради грешки во додавањето не создадоа многу можности за гол. Во 90. минута од натпреварот беше досуден пенал за Шпанија, а Алонсо својот стоти јубилеен натпревар го круниса со уште еден гол.

Селекторот на Шпанците Висенте дел Боске оцени дека неговиот тим заслужено ги победил Французите: „Мислам дека резултатот беше праведен. Франција немаше многу шанси, а ние ја контролиравме играта во поголемиот дел од натпреварот“, изјави Дел Боске.

Ова беше прва победа на Шпанија против Франција на едно големо меѓународно натпреварување. Шпанија во полуфиналето ќе игра против Португалија, во среда 27 јуни, во Доњецк.

Против сенките на минатото

За последното место во полуфиналето вечерва (24.06) се борат Англија и Италија. Двата тима не се борат само против другата екипа на теренот, туку и против минатото.

Англичаните досега победиле само на еден голем фудбалски турнир - во 1966 година, на Светското превенство во нивната земја. Инаку, настапите на англиската репрезентација се трагична приказна на неуспех поради потценувањето на противниците и сопствените нерви. Тренерот Рој Хоџсон сака да ја прекине ваквата црна серија: „Како и сите Англичани и јас сонувам за полуфинале.“

Euro 2012 Liveticker Viertelfinale 23.06. England - Italien Teaser
Фотографија: DW

Сенката на Италијанците е повторно корупциски скандал. Но со голед на тоа што двете последни титули светски првак (во 1982 и 2006 година) беа освоени од играчи за кои се интересираше обвинителството, се чини оптимизмот не треба да ги напушта „тифозите“. Кога се под притисок Италијанците играат поконцентрирано.