Шпанија – ЕТА терористи
3 јули 2007Реклама
Три лица се уапсени во Франција под обвинение дека се членови на баскиската терористичка организација ЕТА. Според соопштението на шпанската и француската полиција, трите лица пренесувале големо количество експлозив во едно транспортно возило. ЕТА пред еден месец најави прекин на примирјето што траеше 14 месеци и се закани со нови напади. Пред две недели полицијата откри уште едно возило со 130 кг експлозив на југот од Шпанија.