Шимон Перез – кандидат
29 мај 2007Реклама
Израелскиот вице премиер Шимон Перез ќе биде кандидат на владеачката партија Кадима на наредните претседателски избори. Претседателот на Израел го бира парламентот. Изборите ќе се одржат на 13 јуни кога истекува мандатот на сегашниот претседател Моше Кацав. Тој во моментов е суспендиран од функцијата на сопствено барање, поради обвиниенијата за сексуално вознемирување на поранешни службенички во претседателскиот кабинет и во Министерството за туризам. Премиерот Ехуд Олмерт изрази уверување оти Шимон Перез ќе го врати угледот на претседателската функција во Израел.