Шефот на Германскиот Телеком се повлекува од функцијата
13 ноември 2006Реклама
Според соопштението на концернот, решението за повлекување е постигнато во договор меѓу Каи-Уве Рике и президиумот на Надзорниот одбор на Телеком, а стапува на сила денеска. Претседателот на Надзорниот одбор Клаус Цумвинкел (шеф на Германската пошта) му се заблагодари на Рике за ангажираната работа, посебно за консолидацијата на концернот и за неговата натамошна интернационализација.
Во изминатите недели двата главни акционера на Телеком, германската држава и финансискиот инвеститор Блекстоун, ја критикуваа стратегијата на Рике.
Наследник на Рике треба да биде утврден на денешната седница на Надзорниот одбор, а според наводи од кругови на тоа тело, кандидат е Рене Оберман, досегашен шеф на Те-мобајл, фирма-ќерка на Телеком.