1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шефер загрижен за најавите од Иран

12 април 2007
https://p.dw.com/p/AgEo

Генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Шефер предупреди да не се потцени заканата од иранската атомска програма. Најавите на Техеран дека ќе ги развива нуклеарните постројки, многу ме загрижуваат, изјави Шефер за весникот „Билд“. Според него иранската атомска програма ќе влијае и на дебатата во Алијансата околу планираниот американски антиракетен штит во Европа. НАТО не може да ја игнорира опасноста, дека Иран тестираше ракети кои имаат дострел од 1800 километри, појасни Шефер.