*
4 јуни 2007Седум дена откако победија во финалето на купот , вчера фудбалерките на Франкфурт нагости извојуваа победа против Бад Ноенар од 9:0 и предвреме ја осигураа титулата.
Шампионскиот трофеј новиот првак на Германија во женски фудбал , сепак ќе го прими дури наредниот викенд на натпреварот на домашен терен против тимот на Браувајлер-Пулхајм.
Последната победа од 9:0 е највисока сезонава за Франкфурт. Екипата славеше во 18 од вкупно 21 натпревар колку што одигра досега :
Кој непоразен станува шампион , го заслужува тоа”- изјави по вчерашната средба тренерот на новиот првак Ханс Јирген Тричкокс додавајќи:
“Се радувам за секој триумф кој го остварува екипата , бидејќи во минатото девојките мораа да истрпат многу критики. Секогаш се велеше , старите фудбалерки се заситени, не сакаат ништо повеќе . И сега може едноставно да се види со колкава желба играше оваа екипа ” – истакна Тричкокс.