1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шева и Златан- главни оружја против фаворитите

СН/ЖА/миа/ртр/дпа15 јуни 2012

Ко-домаќинот Украина и Шведска сметаат на своите суперѕвезди Андреј Шевченко и Златан Ибрахимовиќ во обидот да направат изненадување против фаворитите на хартија во групата Д на ЕУРО 2012- Франција и Англија.

https://p.dw.com/p/15Ffx

Денеска на Европското првенство во фудбал во Полска и во Украина ќе биде заокружено второт коло од натпреварите по групи со дуелите од Д групата.

На „Донбас Арената“ во Доњецк ко-домаќинот Украина игра со Франција од 18 часот, додека во 20 часот и 45 минути е дуелот на „Олимпискиот стадион“ во Киев меѓу Шведска и Англија. Франција и Англија се фаворитите во оваа група и во второто коло влегуваат со еден освоен бод по меѓусебниот дуел кој заврши нерешено 1:1. Цела Украина пак повторно се моли за ново „воскреснување“ на националниот херој Шева. 35-годишниот Андреј Шевченко беше јунак на првиот меч против Шведска постигнувајќи ги двата гола во победата против Шведска од 2:1. И Швеѓаните најмногу надежи полагаат во својата суперѕвезда Златан Ибрахимовиќ, кој истотака играше извонредно против Украина- постигна гол, имаше неколку шанси и беше лидер на екипата. Овојпат за разлика од првиот меч Швеѓаните очекуваат позитивен резултат и изненадување против Англија.

„Ирците бркаа сенки“

Fussball Schweden Ukraine UEFA EURO 2012
Андреј ШевченкоФотографија: dapd

Европскиот шампион Шпанија синоќа на „ПГЕ Арената“ во Гдањск ја постигна најубедливата победа на Европското првенство досега совладувајќи ја Република Ирска со 4:0. По овој пораз Ирците немаат ниту теоретски шанси за пласман во следната фаза.
„Црвената фурија“ својата доминација ја навести веќе на самиот старт на натпреварот откако Фернандо Торес во 4.минута го отвори резултатот. Во истата минута, но во вториот дел Давид Силва зголеми на 2:0, а во 70. минута Торес го постигна својот втор гол на натпреварот за водство од 3:0. Конечните 4:0 ги постави Цеск Фабрегас во 83. минута отако десет минути претходно влезе во игра на местото на двократниот стрелец Торес.
На првиот натпревар од „Ц“ групата во Познањ, Италија и Хрватска одиграа 1:1. „Аѕурите“ поведоа преку Пирло во 39.минута, а изедначи Марио Манџукиќ во 72.минута.
На табелата во „Ц“ групата Шпанија и Хрватска имаат по 4 бодови, Италија освои 2, а Република Ирска е без бод.