1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шалке го отпушти тренерот

ЕМФ/дв16 декември 2012

Фудбалскиот клуб Шалке 04 му се заблагодари на тренерот Хуб Стивенс по поразите во низа во последните недели.

https://p.dw.com/p/173Ok
Фотографија: Christof Koepsel/Bongarts/Getty Images

Одлуката падна ден по поразот на Шалке на домашен терен од Фрајбург. Одлуката за разделба е „донесена во личен разговор со Хуб Стивенс и заемно разбирање“, соопшти клубот денеска (16.12). Со оглед на големите заслуги на 59-годишниот Стивенс за Шалке, одлуката била се‘, само не лесна. Отпуштен е и ко-тренерот Маркус Гиздол. Наследник на Стивенс треба да биде досегашниот тренер на тимот со играчи под 17 години, Јенс Келер.

По шест порази во серија, Шалке заминува на зимска пауза. Стивенс имаше договор до крајот на сезоната. Тој веќе беше тренер на тимот од Гелзенкирхен во периодот од 1996 до 2002 година. Негов најголем успех е победата во Купот на УЕФА во 1997 година. Освен тоа, тој со Шалке двапати го освои германскиот куп. Поради овие триумфи, фановите на клубот во 2004 година го избраа за „тренер на векот“.

Разделбата од Стивенс е трета голема смена на тренери во тековнава сезона на Бундеслигата. Претходно, Феликс Магат доби отказ од Волфсбург, а Маркус Бабел мораше да си замине од Хофенхајм.