„Чудото од пченка“ сепак доаѓа во Европа?
31 август 2013Од аспект на Европската комисија, фирмата Монсанто наскоро ќе смее да ја извезува во Европа својата супер-пченка, СмартСтакс. Соодветната одлука ќе биде донесена најдоцна во октомври, изјави портпарол на еврокомесарот за заштита на потрошувачите, Тонио Борг за интернет порталот „Цајт онлајн“. Притоа, се работи за дозвола за употреба како човечка и добиточна храна, но не и за одгледување од страна на земјоделците. „Чудото од пченка“ така ќе стигне и во Европа, каде досега сличните сори беа табу. Станува збор за хибрид на две генетски изменети сорти пченка. СмартСтакс создава отрови кои ги убиваат инсектите, на пример пченкарниот молец, а истовремено е отпорна на два вида хербицид за борба против плевели. Чудо на природата или ѓаволска играчка? Мислењата се противречни.
Критичарите бараат поголем број тестови
Во СмартСтакс постојат вкупно шест компоненти. Ниедна од нив, тврдат опонентите, не е доволно испитана во поглед на влијанието врз околината. Крајниот производ, навистина, е тестиран 90 дена како храна за животни, но Марта Мертенс од Здружението за екологија и заштита на животната средина, смета дека тоа не е доволно.
„Со тоа можат да се утврдат само акутните токсиколошки ризици, но не и долгорочните влијанија“.
Мертенс и нејзините истомисленици потсетуваат на познатата студија на францускиот научник Жил Ерика Сералини, кој две години хранел стаорци со генетаски изменета пченка. Кај експерименталните животни дури тогаш се појавиле здравствени тешкотии. Професорот Кристоф Тебе од Институтот за биолошка разнолкикост ги отфрла овие аргументи:
„Експеримените на господинот Серилини се безвредни, зашто не се придржувал на стандардните постапки, и затоа што стаорците не се погодни животни за ваков експеримент“, вели Тебе за Дојче веле. И тој признава сепак дека краткорочните етстирања на СмартСтакс не можат да дадат одговор за долгорочните влијанија. Токму затоа Европската комисија воведе т.н. „постпазарен мониторинг“ - пченката ќе остане под лупа и по воведувањето на европскиот пазар, вели Тебе, кој работи во Комисијата за модифицирани организми при Европската агенција за исхрана. Тој потсетува дека различни компоненти од пченката на Монсанто досега се користени во добиточната храна во Европа и досега не е забележана ниедна негативна последица.
Критичарите предупредуваат на опасноста која се крие зад сите генетски модифицирани растенија. СтарСтакс би можел генетски да се вкрстува несакано со домашните растенија, од што би произлегле непознати и непредвидливи сорти.
„Ризикот кај пченката во Германија не постои, зашто овде пченката нема партнер за вкрстување“, вели Тебе. Според него, доволно е полињата со генетски модификувана пченка да бидат нешто подалеку од останатите ниви и садници, за да се избегне секаков ризик од натамошни вкрстувања.
Пченката на Монсанто се бори против инсектите така што развива еден протеин кој во природата се наоѓа кај бактериите под името Bacillus thurigiensis. Стручњаците сметаат дека нема ризик човекот да биде погоден од „оружјето“ од оваа пченка.
„Овие протеини се врзуват само со посебни места во цревниот епител на инсектите, но не и кај луѓето и животните кои се хранат со пченка. Освен тоа, овие протеини во желудникот на човекот би се разградиле“, вели Тебе.
Во Германија е дозволено користење протеини против инсекти дури и во био-производството.
Пропаст за традиционалните земјоделци?
Дилемите не се сите од медицинска и научна природа. Харалд Ебнер во Партијата на зелените е задолжен за земјоделство и генетска техника. Тој предупредува на општествените последици од масовното воведување на СмартСтакс во производство:
„Ќе се појават општествено-економси проблеми. Ако сакаме да опстане и земјоделството без генетски модификации, тогаш неговите трошоци енормно ќе пораснат. Ќе биде многу поевтино да се произведуваат генетски модифицирани сорти“, смета Ебнер.
Во големите земјоделски подрачја како Северна и Јужна Америка, Индија и Австралија, генетски мидифицираните производи се одамна веќе секојдневие. Во Европа е поинаку, иако досега се дозволени 50 генетски изменети продукти, се садат фактички само два. Затоа целата дебата околу новата пченка наиде на отпор, пред се‘ во Германија и во Франција. Монсанто стана нешто како омразен симбол на генетски модифицирана храна. Ако покрај сето тоа ЕК дозволи увоз на СмартСтакс, тој до крајот на годинава ќе се најде на европскиот пазар. Одделни земји можат да ја забранат само од причини „да е загрозена националната безбедност“, што во случај со „супер-пченката“ е тешко докажливо.