1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Четири жртви во новиот земјотрес во Јапонија

8 април 2011

Североисточниот брег на Јапонија повторно го погоди силен земјотрес, овојпат со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот овојпат не предизвика цунами бранови, но однесе нови жртви.

https://p.dw.com/p/10pk0
Нема мир за луѓето во настраданите региони во ЈапонијаФотографија: AP

Неполни четири недели по катастрофалниот земјотрес и цунамито, североистокот на Јапонија повторно е погоден од силен земјотрес, кој се почувствува до главниот град Токио. Досега се регистрирани четири жртви и повеќе од 100 повредени.

Веднаш по земјотресот со јачина од 7,4 степени по Рихтеровата скала, властите издадоа предупредување за цунами, но подоцна го укинаа. Епицентарот на земјотресот, според јапонските власти се наоѓал во префектурата Мијаги на 25 километри длабочина, во близина на градот Сендаи, и на околу 125 километри оддалеченост од атомската централа Фукушима 1.

Japan Onagawa Atomkraftwerk 08.04.2011
Нуклеарката ОнагаваФотографија: dapd

Фирмата управител со оваа нуклеарна централа, Тепко соопшти дека новиот земјотрес не предизвикал натамошни штети на реакторите во хаварисаната нуклеарка. Денеска меѓутоа е утврдено истекување на вода од атомската централа Онагава, која се наоѓа 70 километри северно од Сендаи. Фирмата управител Тохоко Електрик Пауер соопшти дека радиоактивното зрачење надвор од постројката останало непроменето. Водата, според медиумите потекнувала од резервоарите на реакторите 1 и 2, каде се складирани искористени горивни материјали. Оваа атомска централа е исклучена по катастрофалниот земјотрес од 11 март. Јапонските атомски власти меѓутоа соопштија дека атомската централа Хигашидори се снабдува со струја од агрегати. Тамошниот доток на електрична енергија бил прекинат.

Автор: АТ/ЖА/дапд/ртре/дпа/дв

Редактор: Жана Ацеска