1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цунамито ги погоди Соломонските острови

2 април 2007

Расте бројот на жртвите и исчезнати по земјотресите и цунамито кое ноќеска ги погоди Соломонските острови. Укината е узбуната за опаснос од цунами за Јапонија и Австралија.

https://p.dw.com/p/Aby5
Цунамито носи се пред себе
Цунамито носи се пред себеФотографија: AP

Официјални преставници велат дека има најмалку 15 жртви и голем број исчезнати и тоа само во западниот дел на Соломонските острови сместени во Јужниот Пацифик. Тој регион е најпогоден по двата големи земјотреса и цунамито. Јулија Макау од центарот за Катастрофи на Соломонските острови за австралиското радио соопшти:

“Две села се целосно под вода. Се уште немаме податоци за конечниот број на жртви, но многу лица се пријавени како исчезнати”

Оваа информација потврдува дека цунамито веќе стигна до бреговите на островите. Очевидци велат дека брановите се високи по неколку метри и навлеге до двесете метри во внатрешноста. Епицентарот на потресите бил десет километри под дното на океанот на 350 километри од островите. Првиот земјотрес имал јачина од 8 степени и се случил половина час по полноќ, а вториот,кратко потоа бил со јачина од 6,7 степени. Во центарот на главниот град Хониара, се урнати над 60 згради. Според владиниот портпарол, се проценува дека материјалната штета е над два милиони долари. И телефонските линии се во прекин.

По земјотресот беше издадено предупредување од цунами до сите острови во Јужниот Пацифик. Постоела и опасност од цунами и за Австралија и Јапонија, но узбуната е укината по два часа бидејќи опасноста поминала. Инаку земјотресите се честа појава во овој регион.