Црвенковски на средба со лидерите на политичките партии
2 октомври 2007Реклама
Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски денеска оддржа средба со лидерите на четирите најголеми политички партии застапени во Парламентот во Македонија. Средбата е инциирана, да се постигне заедничка стратегија за напорите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО. Црвенковски имено утре патува за Брисел на средба со претставници на ЕУ и НАТО. Тој најави дека ќе се обиде да ги намали евентуалните штети од случувањата во Македонија, иако тие не можат целосно да се елиминираат.