Црвенковски – избори
30 мај 2007Реклама
Идејата за предвремени избори во Македонија во овој момент е неприфатлива зашто ќе значи загубено време и простување од македонските аспирации за НАТО и Европската унија, изјавил македонскиот претседател Бранко Црвенковски на брифинг со македонските новинари. Црвенковски смета дека е најдобро членовите на владината коалиција веднаш да започнат со донесување на законите од европската агенда.