Црвенковски во Варшава
9 мај 2007Реклама
Македонија очекува во идната година покана за членство во НАТО и почеток на преговори за членство во Европската унија. Ова за полската новинска агенција ПАП го изјави претседателот на Македонија Бранко Црвенковски кој престојува во официјална посета на Полска. Во врска со прашањето за статусот на Косово и последиците по Македонија, Црвенковски изјави дека основно за стабилноста на земјата е квалитетот на меѓуетничките односи.