Црвениот крст избркан од делови на Сомалија
31 јануари 2012Исламистичката бунтовничка група Ал Шабаб во Сомалија ги избрка екипите на Црвениот крст од зоните под нејзина контрола во јужните и централни области на земјата, наведува организацијата во соопштение. На 12-ти јануари годинава Црвениот крст престана да дели хуманитарна помош во храна за околу 1,1 милиони луѓе во јужните и централни делови на Сомалија со образложение дека вооружените бунтовници го блокираат снабдувањето со храна. Ал Шабаб го обвини Црвениот крст дека на населението му дели храна која не е за конзумирање и која носи опасност од болести. Бунтовниците тврдат дека причина за забраната на Црвениот крст е „лажното обвинување“ оти негови припадници ја блокирале дистрибуцијата на храна.
Автор: БГ/СН/афп/миа
Редактор: Е.М. Фиданоска