1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвена столица за секоја жртва

АТ/ АМ/ афп/дапд7 април 2012

Босна и Херцеговина ја одбележа 20 годишнината од почетокот на војната. Со инсталација од 11.541 црвени столици Сараево потсети за жртвите од опсадата на градот.

https://p.dw.com/p/14ZBy
Фотографија: dapd

Илјадници луѓе во Сараево потсетија на почетокот на војната меѓу Босна, Хрватска и Србија во поранешната југословенска република пред 20 години и опсадата на градот од српските трупи. Како централен симбол за страдањата од ова време беа 11. 541 столици во должина од 800 метри во центарот на босанскиот главен град. Секоја столица беше за еден убиен, маж, жена, дете за време на опсадата на градот.

„Зошто не си тука?“

На почетокот на манифстацијата за одблежување на 6 април се оддржа едночасовен концерт. Хорот придружуван од симфониски оркестар пееше „Зошто не си тука“? На некои од столиците беа поставени бели рози, на помалите столици, кои требаше да ги симболизираат загинатите деца, лежеа кадифени мечиња и прибор за училиште. На големо платно алфабетски беа прикажни имињата на сите жртви. Градоначалникот на Сараево Алија Бехмен апелираше никогаш да не се заборават злосторствата од војната „Светот мора да знае, што се случи овде и од тоа да извлече лекција за иднината“.

На 6 април 1992 година Европската унија (тогашната Европска заедница н.з.) ја призна независноста на Босна и Херцеговина. На овој ден босански Срби отворија оган на мировни демонстрации на илјадници Бошњаци во Сараево. Опсадата на градот траеше 44 месеци.

20. Jahrestag der Belagerung von Sarajevo
20 години од опсадата на Сараево (архива)Фотографија: picture-alliance/dpa

За време на босанската војна од 1992 до 1995 година беа убиени околу 100.000 луѓе, повеќе од 2,2 милиони луѓе беа во бегство. Во јули 1995 година, во заштитната зона на ОН во Сребреница, се случи и масакар, кој денеска се смета за најголемиот во Европа по крјот на Втората светска војна.

Договорот од Дејтон, кој беше склучен со меѓународен притисок, го означува крајот на војнта.