1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦИА систематски ги повредува човековите права

Силвера Падори10 декември 2005

Германскиот огранок на Амнести Интернешанал побара од владата истрајна политика во заштитата на човековите права, целосно расчистување на случаите со исчезнатите државјани и тајните прелети на ЦИА

https://p.dw.com/p/AcAd
Од аеродромот во Франkфурт тајно полетаа и слетаа стотици авиони на ЦИА
Од аеродромот во Франkфурт тајно полетаа и слетаа стотици авиони на ЦИАФотографија: dpa

Неделивоста и универзалноста се двата столба врз кои се потпираат од многумина сега веќе прифатените одредници за човековите права. Неделивоста се однесува на цивилните и граѓанските права на секој човек на стопанско, социјално и културно живеење. Тука се вбројуваат правата на работа, на стан, на образование, на одреден стандард, на исхрана... Вториот столб на човековиоте права е нивната универзалност. Да се почитуваат и да важат подеднакво за сите и на секоја територија. Ова наспроти Меѓународниот ден на човековите права го подвлече Барбара Лохбилер, генерален секретар на германскиот огранок на Амнести интернешанал која конкретно ги критикуваше САД околу инструментите што ги користат во борбарта против тероризмот

“Ние велиме дека е тоа систематска повреда на човековите права“ изјави Лохбилер осврнувајќи се на тајните ЦИА прелети, грабнувања на поедници и нивно пренесување во тајните затвори, забележувајќи дека Амнести има податоци според кои од септември 2001 до септември 2005 имало околу 800 вакви летови со кои се транспортирале поединци до тајните затвори. Сега е задача на САД оваа практика да ја прекинат и да ги затвориат просторите каде не владееше правото како на пример Гвантанамо - побара Лохбилер која не го поштеди ниту однесувањето на германскиот државен врв кога се во прашање двата случаи на нејзините државјани

“Германската влада во случаите Калед ел Масри и Германецот со сириско потекло Мохамед Хаидар Замар неадекватно реагираше. Со случајот Масри јавноста е повеќе во тек. За Замар, меѓутоа, многу не се крена прашина иако исчезна уште во 2001. Амнести откри дека се наоѓа во еден од најозлогласените затвори во Сирија.Со случајот било запознато и сојузното министерство за надвортешни работи кое во 2002 организирало тридневен разговор со Замар, но се останало на тоа. Лохбилер потсети дека европската конвенција за човековите права ги обврзуваат сите земји потписнички на нејзини почитување, при што категорично изјави дека прво и најважно е да има една комплетно и сеопфатено појаснување за двата случаи и секако околу тајните прелети. Не е доволно само појаснувањето пред контролниот гремиум на Бундестагот, туку за се мора и јавноста да биде информаирана.

Владата, пак, треба преку мултилатералните и во билатералните контакти да направи се да прекинат било какви грабнувања, транспорт на луѓе до тајните затвори и воопшто прелети преку Европа. Инаку германскиот огранок на Амнести Интерешанал го поздрави ставот на канцеларката Меркел за почитување на човековите права, но упати забелешка на нејасноста околу оваа проблематика во документот за коалицирањето на Унијата и социјалдемократите.