Цена на нафтата постигна рекордно ниво
18 септември 2007Реклама
Цената на нафтата денеска постигна нов рекорд на сите времиња. На берзата во Сингапур барел чинеше повеќе од 81,12 долари. Причина за покачување на ценатат на нафтата е загриженоста на инвеститорите, дека понудата на нафтата нема да биде доволна со оглед на престојната зима. Некои аналитичари сметаат дека наскоро цената на нафтата може да достигне и ниво од 85 долари за барел.