1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Целите не се остваруваат со бомби и тенкови

31 јули 2006

Со тенкови и бомби никој нема да ја добие војната ниту пак ќе си ги оствари целите. Вака сите се губитници, ја коментира Петер Филип ескалацијата на блискоисточниот конфликт по нападот во Кана кој однесе 60 невини жртви.

https://p.dw.com/p/Adz9
Израелски тенкови навлегуваат во Либан
Израелски тенкови навлегуваат во ЛибанФотографија: AP

Сведоци сме на слики кои се повторуваат: палестинското семејство кое настрада на плажа во Газа, набљудувачите на ОН чија база под дождот од гранати се претвори во нивна гробница, а сега и жените и децата од село Кана, затрупани под урнатините на куќата во која побегнале пред нападот на израелските ракети. По сите настани следи извинување од Израел и жалење на загубата на невини животи.

Инцидентот во Кана треба да се истражи, исто како што беа покренати истраги и за другите слични случаи. Резултатите повторно ќе бидат незадоволителни. Веќе сега официјалните претставници на Израел тврдат дека за смртта на цивилите е одговорен Хезболах бидејќи од селото Кана пукале со ракети кон Израел.

Точно е дека Хезболах не би се колебале по потреба да користат вакви цивилни штитови. Но, дали тоа значи дека Израел поради тоа нема обврска да се грижи за животите на цивилите во воената зона? Се уште е на сила меѓунардоното право кое им налага на завојуваните страни дека мора да водат сметка за невооружените луѓе, односно цивилите. Освен тоа, Израел со интервенцијата врз Либан сака да постигне поголема безбедност за своите граѓани. Дали може и смее да го направи тоа со сегашниот начин на слепо да гаѓа цивили на спротивната страна?

Во Израел пак се посилни се гласовите кои се противат на тоа дека постојано се зборува за сопствените маки, но не и за она што Израел им го прави на другите.

На меѓународна сцена тоа изгледа вака; Израел реагира несразмерно остро и казнува еден народ поради делата на поедини радикали.

Меѓународната заедница е сигурно подготвена на Израел да му го признае правото на самоодбрана. Тоа особено е видливо во Германија. Сепак разбирањето кое го имаа за израелските акции последниве денови се намалува поради бескрупулозниот настап кон либанските цивили и либанската инфраструктура.

Меѓународната заедница изгледа беспомошно. Си ги евакуираа своите државјани од Либан и сега се подготвени да испраќаат помош. Но, нема крај на крвопролевањето, а за распоредување на мировници се уште само се зборува. Повиците за примирје се кршат околу копјето на солидарност на Вашингтон кој го поддржува Израел. Историјата покажа дека целите не може да се постигнат со бомби и тенкови. Во војната со Хезболах, Израел очигледно чуствува потешкотии кои секогаш носат таканаречени асиметрични конфликти.

Израел не може и нема да ја добие таа војна. И никој нема да победи во таа војна, а сите се веќе губитници. Што побрзо престане, тоа е подобро за сите.

.