1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цела Полска се радува на навивачите со длабоки џебови

Марта Гружинска/ Симе Недевски7 јуни 2012

Во текот на ЕП во фудбал, се очекува Полска да ја посетат најмалку 800.000 навивачи. Поради тоа земјата се надева дека ќе оствари забележлив економски раст, иако се потрошени многу пари за организација на првенството.

https://p.dw.com/p/158w6
Фотографија: DW/J.Weber

Полската влада вложила речиси 24 милијарди евра за изградба на стадиони, нови патишта, аеродроми... Кога ќе дојдат навивачите јасно е дека ќе требаат некаде и да спијат. Тоа е добра можност за заработка не само за хотелиерите туку и за сопствениците на станови во Варшава.

На новиот национален стадион Варшава, главниот град на Полска завршени се последните подготовки за големиот настан. Првиот натпревар се игра во петок на 8-ми јуни. Само во Варшава се очекуваат 300.000 навивачи. Тоа е добра можност за заработка, посебно за хотелите.

Цените на хотелите двојно поскапи

Fußball-WM 2002 Englische Fans
Фотографија: picture-alliance/dpa

Барбара Пијановска од хотелиерската групација „Курас Орбит Груп“ вели:

„Нашите хотели се популарни, поголемиот број гости одамна резервираа соби и во многу хотели повеќе нема слободни места. Само за одделни натпревари може да се најде некаде случајно слободна соба.“

Посетителите мораат подлабоко да ја брцнат раката во џеб. Речиси е невозможно да се најде преноќиште поефтино од 300 евра од вечер. Јацек Јасински  од групацијата „Сирена Хотелс“ истакнува:

„Цените се менуваат секојдневно, тие зависат од побарувачката. На ден на натпревар цените за една ноќ се двојно поскапи од обично.“

200 милиони заработка од навивачите

На заработка не се надеваат само хотелиерите туку и сопствениците на станови во Варшава. Многу граѓани чии што станови се наоѓаат на добри локации, сакаат да ги издадат на навивачите.

Deutschland Fußball Nationalmannschaft Fans mit flagge
Фотографија: picture-alliance/DeFodi

Војчех Гомулски од интернет агенцијата за посредување за пронаоѓање сместување во Полска за време на ЕУРО 2012 ( footballaccomadation.eu) истакнува:

„Лесно може да се заработи сума двојно поголема од месечна плата. При тоа за становите не се бараат премногу пари, но за полски состојби тоа е голема сума. Во Варшава се играат 5 натпревари, тоа значи дека можат да се заработат 2 месечни плати.“

Малиот стан на Пјотр е само 2,5 километри одалечен од стадионот. Тој сака да го издаде преку интернет со посредсво на фирмата на Војчех. Станот од 39 квадратни  метри го издава за 4 лица. Пјотр бара 200 евра од вечер.

Пјотр, сопственик на стан во Варшава вели:

„Се надевам дека со издавање ќе заработам две и пол илјади евра. Така би можел да го исполнам животниот сон, два месеца да патувам по Азија.“

Проценките велат дека навивачите во Полска ќе потрошат околу 200 милиони евра. Жителите на Варшава посебно се радуваат на тоа, исто како што и цела Полска се надева дека во нивната земја ќе дојдат гости со длабоки џебови.