1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦДУ победник на локалните избори во Северна Рајна Вестфалија

27 септември 2004

Локални избори во најбројната германска покраина, кои се гледаат како добар показател на расположението на избирачите глобално. Христијанско демократската унија во Северна Рајна Вестфалија и покрај големите загуби во споредба со претходните избори, сепак ја задржа првата позиција.

https://p.dw.com/p/AcKu
Северна Рајна Вестфалија избираше претставници на локално ниво
Северна Рајна Вестфалија избираше претставници на локално нивоФотографија: dpa

ЦДУ загуби 6,9% гласови во споредба со 1999 година, но со освоените 43,4% и натаму е најсилната апртија во Северна Рајна Вестфалија. Шефот на ЦДУ, Ангела Меркел, е задоволна:

”Со резултатот сум исклучително задоволна, зашто ЦДУ самата освои повеќе гласови од СПД и зелените заедно. Сигналите за пормена во северна Рајна Вестфалија се тука.”

Социјалдемократите на овие избори го постигнаа најлошиот резултат од основањето на покраината – 31,7%. Сепак, СПД смета дека ситуацијата по неколкуте недели избори и протести поради социјалните реформи, се стабилизира.

”Расположението е подобрено. Затоа резултатот можеме да го третираме како речиси стабилен. ЦДУ има загуби на гласови, и кога сето ова ќе се собере во тренд, тогаш јасно е дека со Пеер Штајнбрук имаме добри шанси на покраинските избори во мај следната година. Сега сум многу поуверен отколку што бев пред 4 или 6 недели. ”

Зелените на овие локални избори го постигнаа својот најдобар резултат досега. Со 10,3% гласови на своето конто тие се трета партија според освоени гласови. Подобрување има и кај либералите. Тие имаат 6,8% од гласовите, а шефот на ФДП, Гидо Вестервеле изјави дека се покажува оти црвено-зелените веќе немаат мнозинство зад себе.

”Политичкиот сигнал на сојузно ниво е јасен – црвено-зелените го немаат веќе мнозинството избирачи зад себе. Ова во Северна Рајна Вестфалија е нешто што тера на размислување.”

Деснорадикалните партии играа сосема безначајна улога, со оглед на тоа што беа застапени во само неколку општини. Партијата за демократски социјализам освои 1,4 проценти гласови.

Инаку, одзивот на локалните избори е најслаб досега – само 54,5% избирачи излегоа да го дадат својот глас.