1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хјуман рајтс воч: Во Европа се влошени човековите права

22 јануари 2012

Во Европа се нотира влошување на човековите права, стои во најновиот годишен извештај за човековите права во светот на „Хјуман рајтс воч“. Во извештајот на меѓународната организација со седиште во САД ја нема Македонија.

https://p.dw.com/p/13o1e
„Хјуман рајтс воч“ оценува дека човековите права во Европа се влошени

„Хјуман рајтс воч“ е загрижен за четири тенденции во Европа – ограничувањето на граѓанските слободи во земјите што вовеле антитерористички мерки, дебатите за местото на малцинствата и имигрантите во Европа, растечкото влијание во политиката на популистички и екстремистички партии, како и намалената ефикасност на традиционалните институции за заштита на човековите права.

Bulgarien Land und Leute Roma und Sinti Frau in Sofia
„Хјуман рајтс воч“ го дава и примерот со протерување на источноевропските Роми од Италија и ФранцијаФотографија: George Papakotchev

Во извештајот се наведува дека на исток, во Унгарија, Романија, Бугарија, Чешка и Словачка, ситуацијата е жална, поради насилните напади и антиромската реторика, како и поради незначителниот напредок во спречувањето на уништувањето на нивните живеалишта, како и училишната сегрегација, и покрај тоа што стотици милиони евра од фондовите на ЕУ се слеваат во земјите и покрај одлуките на Европскиот суд за човекови права.

На Косово малку подобро

Во однос на ситуацијата со човековите права на Косово се оценува дека таа е малку подобрена во 2011-та година, додека малцинствата и понатаму се маргинализирани и соочени со дискриминација.

Armut in Kosovo 2
ХРВ: Положбата на малцинствата на Косово е лошаФотографија: Refki Alija

Во извештајот на „Хјуман рајтс воч“ се наведува дека „косовските Роми, Ашкали и Еѓипќани се и понатаму маргинализирани и подложни на дискриминација“ и се додава дека во тие етнички групи е забележана најголема невработеност, напуштање на училиштата и најголема стапка на смртност. Во извештајот на „Хјуман рајтс воч“ се наведува и дека, според податоците на косовското обвинителство, во првите девет месеци од минатата година се пријавени 60 меѓуетнички инциденти. Според податоците од УМНИК, тие инциденти во најголем дел биле мали, но имало и сериозни напади и убиства.

Северна Рајна Вестфалија го запре враќањето на косовските граѓани поради страв

„Хјуман рајтс воч“ наведува и дека според извештај на УНХЦР, Србија и Косово во 2010-та година дале најголем број на баратели на азил во индустријализираните земји, што се припишува на визната либерализација за Србија и економските проблеми и дискриминацијата на малцинствата во Косово. Во извештајот се забележува дека депортираните косовски граѓани од Западна Европа живеат во неформални населби без вода и струја.

Во извештајот се нагласува дека германската покраина Северна Рајна Вестфалија го запрела враќањето на барателите на азил назад во Косово, поради страв за нивната безбедност.

Автор: Александар Методијев /бета/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска