1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска една од непостојаните членки на СБ на ОН

17 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Brjh

Хрватска е една од петте нови непостојани членки на СБ. На синоќешното гласање во ОН, најголема поддршка добија и Либија, Виетнам, Буркина Фасо и Коста Рика. Тие ќе ги заземат нивните места на 1 јануари, а мандатот им истекува за две години. СБ на ОН, покрај петте постојани членки Русија, САД, Кина, Велика Британија и Франција има и десет непостојани членки, од кои пет се избираат на секоја година.