Хонгконг слави 10 години под раководство на Кина
1 јули 2007Реклама
Во Хонконг денеска се одбележува 10 годишнината откако поранешната британска колонија и е вратена на Кина. Кинескиот претседател Ху Џингтао му се заблагодари на лидерот на Хонгконг, Чанг за децениската работа. Чанг денеска беше реизбран за втор мандат. Жителите на Хонгконг се уште не можат директно да ги бираат локалните власти и претставниците во парламентот. За попладне во Хонгконг се закажани демонстрации кои традиционално се одржуваат на 1 јули.