1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хирошима-лекција која не треба да се заборави

5 август 2005

Пред 60 години,на 6 август 1945 година,за првпат во човековата историја беше фрлена атомска бомба,во јапонскиот град Хирошима .Бомбата предизвика дотогаш невидени уништувања,досега од неа и од последиците умреа околу 140 илјади луѓе,а илјадници страдаат и денес од разни болести предизвикани од зрачењето.

https://p.dw.com/p/AcDW
Фотографија: AP

Секоја година во август,кога штурчињата свират гласно во дрвјата,Јапонците се потсетуваат на најцрниот момент во нивната понова историја:8 часот утрото на 6 август 1945 година.

Со заглушувачка бука експлодира првата атомска бомба,наречена Литл бој,мало момче,која врз Хирошима ја фрли американски бомбардер Б 29.Таа го замре животот во градот.Причините за нападот беа повеќекратни.САД сакаа да ја принидат Јапонија на капитулација,а истовремено да покажат сила пред раководството на Советскиот сојуз.Американската војска сакаше да го тестира новото оружје врз некој град и неговите жители.

Според проценките од тогаш до денес од бомбата загинале околу 140 илјади луѓе,околу 350 илјади и денес имаат последици пред се од зрачењето.Тогашната Хирошима повеќе не егзистира.Во радиус од два километри беа уништени сите згради,околу 70 илјади,80 проценти од Хирошима,дури и челичните конструкции не издржаа.

Обновата Јапонците ја сватија како национална задача.Земјата го запиша пацифизмот и слободарството како своја цел,симбол за тоа стана Хирошима.Градскиот архитект Масахиро Јамаи:

„Преку посебниот закон стана јасна целта на обновата:градот треба да стане симбол за вечен мир,споменик на мирот.Законот важи и денес,за граѓаните тое е морална поддршка.“

Но,при оваа задача градот по 60 години по фрлањето на бомбата се судира со тешкотии.Интересот за објаснување на настанот опаѓа.Пред 15 години Музејот на мирот го посетуваа еден ипол милиони жители,сега само еден милион.

Една од причините:се помалку ученици патуваат во Хирошима,пред 20 години ги имаше 600 илјади,сега само половина од тоа.И оние кои доаѓаат ретко преноќуваат во градот,туку по краткиот престој патуваат во Осака во забавниот парк на Универзалното филмско студио.

Самите ученици кои доаѓаат во Хирошима знаат страшно малку за атомската бомба.Една ученичка од осми клас:

„Зашто Јапонија водела војна.Неа ја започнале САД.Ах,не.Виновна била Јапонија,зашто и натаму водела војна.“

Нејзиниот соученик има малку појасна слика:

„Јапонија морала да биде нападната со атомска бомба,зашто сакала да ги пороби азиските земји како Кина и Кореја.Тое е мое мислење.На часовите не зборуваме околу тоа.“

Напорите на Хирошима за воспитување во мировен дух стојат и пред друг предизвик;се помал е бројот на преживеаните жртви,кои раскажуваа упорно со години на новите генерации за ставотиите на доживувањата.Дел од нив и престанаа да го прават тоа поради слабиот интерес на младите.

Заради тоа се бараат нови начини за натамошно предавање на спомените на 6 август 1945 година.Сигеру Аратани од Музејот на мирот известува:

„Во март годинава започнавме со нов проект со цел децата да ги доживеат настаните со бомбите со тоа што самите ги читаат извештаите на жртвите.Тоа дава резултати,зашто децата необично брзо се соживуваат со тажните чувства на жртвите,па сето тоа им остава трајни спомени.“

Самото воспитување во мировен дух инаку загуби на значење последниве години,државата не го стимулира повеќе тоа.

Навистина секоја година 6 август се одбележува со минута молчење,но не и со подлабоки манифестации,дури наставниците кои го прават тоа наидуваат на осуда.Јапонските конзервативци сакаат годинава повторно да ја потенцираат улогата на жртва на Јапонија,по што на мировните активусти повторно ќе им биде тешко да објаснуваат околу атомското оружје и да предупредуваат од него.