1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хилари Клинтон се подготвува за високи дострели

7 ноември 2006

За најголемиот дел од американските пратеници на денешните избори за Конгресот најголема цел е добивање место во Претставничкиот дом или во Сенатот:за Хилари Клинтон тоа е само еден натамошен чекор на нејзиниот пат кон нешто повеќе.На сопругата на поранешниот претседател Бил Клинтон уште одамна и се припишуваат амбиции за претседателската функција.

https://p.dw.com/p/Adw0
Фотографија: AP

Понеделничко утро,кратко пред седум.Поранешниот претседател на САД со својата жена Хилари стои на улица во Бронкс и ги поздравува минувачите.Сенаторката на Њујорк не пропушта ништо што може да придонесе на изборите да забележи убедлива победа:

"Ни треба ново раководство.Јас сум убедена дека почетоците ќе ги видиме уште во ноември.Низ САД насекаде ќе бидат избрани Демократите,зашто Американците знаат дека мораме да го смениме правецот."

Хилари во последните шест години како сенатор излезе од сенката на Бил Клинтон.Самото споменување на нејзиното име измамува аплауз,презимето е доволна реклама,и кога зад него стои Хилари.Многумина партиски пријатели само одмавнуваат со главата на тоа што остана од некогашната примерна левичарка.Најдоцна до моментот кога спротивно на мнозинството на Демократите,се согласи со влегувањето во Ирак.Ненси Киркориан со нејзината организација Коуд Пинк,Вимин фор Пис демонстрира против позицијата на Хилари во однос на ирачкото прашање:

"Ако човек ги чита сите нејзини изјави и гледа што прави,тогаш е јасно дека нејзината позиција не се променила.Таа навистина бараше оставка на Рамсфелд.Но,во меѓувреме речиси половината Републиканци го бараат истото."

Во моментов не постои политичар кој поларизира толку како Хилари Клинтон.Таа се залага за нов закон за доселеници и истовремено се согласува со изградба на заштитен зид долж мексиканската граница.Се залага за смртна казна,за подобар образовен систем и за заштита на децата.Сака и реформа на здравствениот систем.Централноот прашање во оваа изборна борба:дали таа ќе ги користи овие теми како сенатор или е тоа веќе одамна нејзина кампања за претседателските избори?Околу одговорот таа долго обиколува:

"Очигледно,луѓето зборуваат за тоа дали треба да се кандидирам за претседател или не.Тоа ми прави чест,но јас сеуште не сум донесла одлука."

Тоа што веќе веќе милиони донации се тргнати настрана,што го собра најголемиот изборен апарат на Демократите околу себе,за многумина е знак дека се подготвува за кандидат.Одговорот може да го даде само таа,а кога и тоа сама ќе реши.