1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Херта и Штутгарт во криза

21 септември 2009

Двете водечки екипи во германската фудбалска Будеслига, Хамбургер и Бајер Леверкузен во шестото коло не успеаја со победи да се зацврстат на врвот на табелата.

https://p.dw.com/p/JlTS
Бразилецот Зе Роберто го постигна голот за Хамбургер против Ајнтрахт ФранкфуртФотографија: AP

Фудбалерите на Хамбургер со водство од 1:0 вчера во Франкфурт , тргнаа да го спасуваат образот по тешкиот пораз од Рапид Виена во Европа лигата. Но Ајнтрахт не дозволи да биде поразен ни во шестото коло и натпреварот заврши нерешено 1:1:

„ Нормално малку сме разочарани, дека освоивме два бода помалку ако се погледнат сите оние работи во второто полувреме“, изјави по мечот тренерот на Хамбургер Бруно Лабадиа.

Бајерн со победа го прослави почетокот на „Октоберфест“

Fußball Bundesliga Bayern München - 1. FC Nürnberg
Хрватот Олиќ постигна гол за БајернФотографија: AP

Хамбургер го задржа првото место на табелата, а второпласираниот Бајер Леверкузен не успеа да го надмине откако на домашен терен играше без голови против силниот Вердер Бремен.

„ Имаше малку шанси. Двете екипи не му допуштија ништо на противникот. Оставија малку простор за игра иако се обидуваа да го направат одлучувачкиот чекор“ , анализираше по мечот Томас Шааф тренер на гостите од Бремен.

Третиот вчерашен меч, ја зацементира кризата во која се наоѓа тимот на Херта . Берлинчани доживеаја вистински дебакл на домашен терен против екипата на новајлијата во лигата, Фрајбург кој славеше победа со 4:0. Херта е последна на табелата а притисокот врз тренерот Лусиен Фавре расте. Германскиот рпрезентативец од редовите на Берлинчани Арне Фридрих, засрамено по мечот изјави:

„ Тоа не може да се објасни. Можам само да се извинам за настапот на мојата екипа“

Фудбалерите на Бајерн од Минхен пак го прославија во саботата почетокот на прочуениот фестивал на пивото „Октоберфест“ со тешко извојуваната победа против Нирнберг со 2:1. Минхенчани кои го имаа најлошиот старт на сезоната во историјата со третата победа по ред заостануваат сега само три бода од водечките Хамбургер и Леверкузен.

Тешки времиња за Херта и Штудгарт

Deutschland Fußball Bundesliga VfB Stuttgart gegen 1. FC Köln
Сцена од мечот Штудгарт-КелнФотографија: AP

Во добра форма влегува и Хофенхајм, кој и го нанесе првиот пораз на домашен терен на Борусија Менхенгладбах. Избраниците на тренерот Ралф Рањик успеаја да се вратат од негатива од два гола и на крајот да слават со 4:2.

На петото место на табелата се наоѓа екипата на Мајнц која истотака двапати се враќаше од негативи за на крајот да слави на гости во Бохум со 3:2. И за Марсел Колер ова се тешки времиња на клупата на Бохум.

Борусија Дортумунд не успеја ни во седмиот меч по ред со Хановер. Саботниот натпревар во Хановер заврши нерешено 1:1. Покрај Херта во голема криза се наоѓа и екипата на Штутгарт. По слабиот настап против Глазгов Ренџерс во Лигата на шампионите, Штутгарт сега дома му овозможи на Келн да ја слави првата победа сезонава од 2:0 и конечно да го напушти последното место на табелата.

Крај на кризата пак е објавен кај шампионот Волфсбург. По убедливата победа против ЦСКА Москва во лигата на шампионите „Волците“ во петокот успеаја да ги надиграат избраниците на нивниот тренер од минатата шампионска сезона, Феликс Магат. Победата на Волфсбург од 2:1 значеше и втор пораз по ред на Шалке на домашен терен.

Автор: Кале Копс/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска