1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хајлигендам – "тврдина"

31 мај 2007
https://p.dw.com/p/AntL

Германските сили за безбедност го затворија заштитниот ѕид околу турстичкото место Хајлигендам, каде наредната недела ќе се одржи самотот на групата Г8. Од вчера па до 9. јуни ова туристичко место го штити ѕид висок речиси три метра со бодликава жица и камери. Граѓаните на регионот мораат да сметаат со сериозни проблеми при движењето и патувањето од едно место во друго. Со оглед на заканите за масовни демонстрации на противниците на глобализацијата, за време на самитот на располагање ќе стојат 100 судии за процеси против насилните демонстранти.