1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хашки „победници“ и „губитници“

Ивица Петровиќ/ Жана Ацеска31 мај 2013

Ослободителната пресуда за бившиот началник на државна безбедност Јовица Станишиќ и неговиот помошник, Франко Симатовиќ, предизвика задоволство во официјален Белград, но и негативни реакции во невладиниот сектор.

https://p.dw.com/p/18hpW
Фотографија: picture-alliance/dpa

Српскиот премиер Ивица Дачиќ во писмената изјава ја поздрави ослободителната пресуда зашто е „од големо значење за Србија. Владата на Србија се залагала и се залага за фер судења пред Хашкиот трибунал, зашто тоа е единствен начин да се утврди вистината за злосторствата и да се стекнат услови за помирување и обезбедување траен мир и стабилност во регионот“, соопшти Дачиќ. Од другастрана, бившата директорка на Фондот за хуманитарно право, Наташа Кандиќ, е „запрепастена од ослободителната пресуда“, а од неа е изненадена и претседателката на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија, Соња Бисерко. Тоа, според нејзини зборови, „ќе оди во прилог на оние кои тврдеа дека Србија никогаш не била во војна“.

Непријатно изненадување

Ослободителната пресуда за Станишиќ и за Симатовиќ е големо и непријатно изненадување, оценува за Дојче веле Јелена Митиќ, директор на Центарот за евроатлантски студии.

„Работев во Хелсиншкиот комитет толку години, прочитав толку многу книги за тоа што се случувало, живеам крајно во Србија и знам што е Единица за специјални операции, сум слушала толку оштетени кои бегаа од БиХ на сите страни, од тој аспект тоа ми е толкаво изненадување. Но, од другастрана, во последните години е очигледно дека политичките процеси во регионот и желбата на западната меѓународна заедница да се продолжи натаму и да се стави точка на соочувањето со минатото, се многу видливи, па од тој аспект, тоа и не е толкаво изненадување“.

Slobodan und Marko Milosevic und Stanisic
Слободан и Марко Милошевиќ во друштво со Станишиќ, 1977 годинаФотографија: picture-alliance/dpa/dpaweb

Злосторствата остануваат

Адвокатот и бивш коминистер за полиција, Божидар Прелевиќ смета дека за политичарите во Србија би било најдобро да не ликуваат премногу поради овие пресуди, зашто тие секако не се доказ дека во БиХ немало злосторства, зашто тоа е несомнено докажано.

„Значи, дали тие се виновни е една работа, а дали судот и Обвинителството имале докази за нивната вина е целосно друга работа, а врз основа на тоа се носат одлуки“.

Хаг веќе не е антисрпски?

Јелена Милетиќ истакнува дека, ако се бара нешто позитивно во овие пресуди, тоа би можел да биде фактот што сега им се одзема аргументот на оние кои цело време тврдеа дека Хашкиот трибунал е антисрпски суд.

„Ако се земат во предвид вчерашната и предвчерашната пресуда во Хаг, како и оние за Станишиќ и Симатовиќ, тогаш навистина се губат аргументите за антисрпски Хаг. Тоа би можело да придонесе за поздрава атмосфера во момент кога Хашкиот трибунал ќе изрече пресуди за Младиќ и за Караџиќ. Мислам дека во Србија нема веќе легитимитет за вакви тврдења, тоа нека биде, така да кажам, корист од оваа изненадувачка ослободителна пресуда“.

Без влошување на односите

Со оглед што Станишиќ и Симатовиќ беа обвинети за злосторства извршени во БиХ и Хрватска, логично е што во Србија се следат и тамошните реакции на ослободителните пресуди. Александра Булатовиќ од Центарот за безбедносни студии за Дојче веле вели дека сепак е уверена дека ова нема да ги загрози односите и веќе воспоставените комуникации меѓу Србија и БиХ и Хрватска:

Frank Simatovic nach Djindjic-Attentat festgenommen
Апсењето на Франко Симатовиќ по убиството на Зоран ЃинѓиќФотографија: picture-alliance/dpa/dpaweb

„Но, сигурно ќе има такви кои ќе ја коментираат пресудата во контекст на победници и губитници, како и сите пресуди досега. Тоа значи, ќе водат некој вид статистика - колку ’наши’, колку ’нивни’, што значи тоа, што ќе значи. Но сепак, навистина не очекувам влошување на односите ниту стопирање на најавеното повлекување на тужби меѓу Србија и Хрватска пред Меѓународниот суд на правдата“.

Тајните служби и натаму мистерија

Јелена Милиќ истакнува-тешко е врз основа на една ваква пресуда да се амнестираат српските тајни служби за својата улога во војните во бивша Југославија. „Безбедносните служби секако имале огромна улога во поттикнувањето на судирите и сеењето страв во текот на тие судири“, истакнува Милиќ.

Божо Прелевиќ смета дека ќе мораме многу да чекаме, а прашањето дали некогаш ќе ја дознаеме целосната вистина за тоа што работеле воените и цивилните служби за безбедност во текот на овие судири.