Харадинај повторно избран за лидер на Алијансата за иднина на Косово
4 мај 2013Рамуш Харадинај воедно беше и еденствен кандидат за лидерската функцијата во Алијансата за иднина на Косово. Тој по изборот изјави дека со неговата партија во владата, граѓаните ќе имаат Косово без корупција и со оддржлив економски развојн. Според него, партијата има план за раководење со Косово, план за развој на секој сектор, ново владеење без корупција, без измами и догми, туку заснован на домашниот економски потенцијал.
„Со Алијансата за иднина на Косово и политичкото мнозинство што сака да го создаде партијата, ќе се остварат стремежите за развојна власт, без корупција, без измами, без екстремна сиромаштија, со економски развој кој се заснова на наши ресурси, на странски инвестиции и на економско партнерство“, порача Харадинај.
Потпретседателот на партијата Бљерим Шаља истакна, пак, дека на Косово му се потребни промени кои ќе ја донесат на власт Алијансата на чело со Харадинај, како иден премиер.
Според претставниците на партијата на внатрешните партиски избори учествувале околу 90 илјади членови на партијата, додека на денешното изборно собрание присуствуваат околу 500 делегати.