1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамилтон: „Ова е подобро од секс“

11 јуни 2007

Многу возбудувања, излетувања, тежок инцидент кој за среќа заврши без посериозни последици. Вака може да се сублимира вчерашната формула еден трка за големата награда на Канада која се возеше на патеката во Монтреал.

https://p.dw.com/p/AqRQ
Фотографија: AP

Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мекларен Мерцедес во својот шести настап ја освои првата победа, со која изби на чело во генералниот пласман.

22 годишниот Хамилтон стартуваше од пол позицијата и во ниту еден момент од трката, која дури пет пати беше прекинувана од безбедносното возило, не дозволи изненадување. Монтреал ќе му остане во непријатно сеќавање на Роберт Кубица од БМВ Саубер, кој по страотниот судир во 27 круг за чудо помина со лесни повреди. Кубица настрада по контактот на неговиот болид со тркалото на Јарно Трули од Тојота по што буквално полета и заврши во оградата покрај патеката. Првичните информации беа дека Кубица заработил фрактура на едната нога, но за тоа сеуште нема официјална потврда.

За мало расположение во тимот на БМВ се погрижи Германецот Ник Хајдфелд кој трката ја заврши на втората позиција. Трет беше Александер Вурц од Тојота. Светскиот првак Фернандо Алонсо, кој заработи казна од десет секунди во боксот беше седми.

Инаку Хамилтон, кој веќе го доби епитетот на нова ѕвезда во формула еден, уште по освојувањето на првата пол позиција изјави дека чувството било подобро од секс. Досегашниот негов учинок, со право им ги подгрева надежите на британските фанови, дека по 15 гопдини конечно ќе се радуваат на титула. Последен пат во 1992 година тоа му појде од рака на лавот, Најџел Менсел. Во тоа не се сомнева ниту Формула 1 иконата, сер Стерлинг Мос, кој уште по дебито на Хамилтон во Мелбурн изјави дека младиот е гение.

Во досегашните шест трки тој тоа и го докажува. Шест пати се искачи на подиумот, а во генералниот пласман води со 48 освоени бодови, пред светскиот првак Алонсо кој има осум помалку.