Хамбург е на европскиот ракометен трон
3 јуни 2013Реклама
Во драматичен завршен натпревар на ракометната Лига на шампиони, пред 20.000 гледачи во Келн, аутсајдерот ХСВ Хамбург го совлада фаворитот Барселона со 30:29 (25:25; 9:11) по продолженија. Тоа е најголемиот успех на Хамбург во клупската историја. Германскиот првак од 2011 година на тој начин го потврди сјајот од гала-полуфиналето на „фајнал фор“ турнурот против ТХВ Кил, кој инаку, по поразот од Киелце, заврши на разочарувачкото четврто место.
Ова е втор триумф на Хамбург на меѓународниот паркет, по победата во Европскиот куп пред шест години. Клубот, по Магдебург (2002) и Кил (2007, 2010 и 2012) се трета германска екипа која го освоила трофејот во Лигата на шампиони.