1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаг утре ќе го добие последниот бегалец

21 јули 2011

Поранешниот лидер на хрватските Срби, Горан Хаџиќ утре (22.07.11) најверојатно ќе му биде екстрадиран на Трибуналот во Хаг.

https://p.dw.com/p/120yL
Хаџиќ беше уапсен во средата на Фрушка ГораФотографија: dapd

Горан Хаџиќ ќе му биде израчен на Хашкиот трибунал в петок, најави неговиот адвокат Тома Фила. Последниот хашки бегалец од Србија, кој беше уапсен вчера, е обвинет за воени злосторства извршени за време на војната во Хрватска. Фила рече дека Хаџиќ се откажал од жалбата за неговата екстрадиција.

Српските власти велат дека нема да го соопштат датумот кога Хаџиќ ќе биде екстрадиран од безбедносни причини. Неговата екстрадицијата треба да ја потпише министерот за правда.

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц ги поздрави денеска апсењата на Хаџиќ и претходно на Ратко Младиќ, но рече дека треба да се открие како успеале да се кријат толку долго време и кој им помагал во тоа.

Во Трибуналот за воени злосторства извршени на подрачјето на поранешна Југославија во Хаг, во изминатите 18 години од неговото формирање, биле обвинети и процесуирани вкупно 161 лице. Хаџиќ беше последниот кој се бараше за да одговара за наводите за воени злосторства.

Автор: БГ/бета

Редактор: Александра Трајковска