Хаг го ослободи генералот Момчило Перишиќ
28 февруари 2013Во септември 2011. првостепениот совет на Трибуналот го осуди генералот Перишиќ на 27 години затвор поради помагање и поддржување на артилериски и снајперски напади врз цивили во Сараево од позициите на Војската на Република Српска од 1993 до 1995. година, и за убиството на околу 7 илјади Муслимани и преместување на населението од Сребреница во јули 1995 година. Перишиќ беше осуден и затоа што не го спречил и не ги казнил сторителите на ракетните напади врз Загреб во мај 1995 година во кој загинаа седум луѓе, врз основа на наодите дека имал ефективна команда и контрола врз Војската на Република Српска Краина.
Поништувајќи ја денеска таа пресуда, жалбениот совет на Трибуналот утврди дека помошта која Војската на Југославија и ја пружила на Војската на Република Српска не била со „конкретно упатство“ да биде употребена за извршување воени злосторства во Сараево и во Сребреница, туку за „општите воени напори“ на ВРС.