1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фуџимори екстрадиран во Перу

23 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Biha

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори синоќа е испорачан во Перу по седум години егзил, за да му се суди по обвинувањата за корупција и злоупотреба на човековите права додека бил на власт. Одлуката за екстрадиција ја донесе врховниот суд на Чиле, земја во која Фуџимори беше уапсен во 2005 година врз основа на меѓународна потерница. Поранешниот претседател ги отфрла обвинувањата кои датираат од раните деведесетти според кои неговата влада е наводно одговорна за убиство на дваесетина цивили во борбите со маоистичките герилци. Тогашната влада тврдеше дека се работи за ликвидирани бунтовници. Околу три стотини приврзаници на Фуџимори демонстрираа во знак на негова поддршка.