1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фуере со апел за обновување на политичкиот дијалог во Македонија

Свето Тоевски1 февруари 2007

Амбасадорот на ЕУ во Макеоднија Ерван Фуере денеска го обнови апелот до лидерите на сите политички партии во земјата конечно да го отворат политичкиот дијалог.

https://p.dw.com/p/AdZc
Дијалогот треба да ги придвижи партиите во Македонија кон посакувана цел - ЕУ
Дијалогот треба да ги придвижи партиите во Македонија кон посакувана цел - ЕУФотографија: European Community

Политичките лидери во Македонија треба да го согледаат предизвикот со кој се соочува во овој момент, треба да се помират и да воспостават дијалог. Преку тој дијалог да ја однесат земјата до Европската унија – истакна европскиот амбасадор во Република Македонија Ерван Фуере денеска во Лешок.

„Пораката која од Европската унија неделава е испратена во Макооднија е јасна. Очкуваме сите лидери на политичките партии да работата заедно, да разговараат едни со други и низ дијалогот да ги донесат политичките одлуки со кои ќе ја придвижат земјата кон посакуваната цел - евроинтеграцијата.“

Европскиот дипломат посочи и дека е крајно време Македонија да го надомести пропуштеното и да продолжи со реформите. „Перспективите од зачленувањето во Европската унија мора да ги охрабрат сите политички лидери заедно да постигнат консензус.“

Евроамбасадорот Ерван Фуере на прашањето на Дојче Веле какви консеквениции може да има врз Макеоднија планот на Марти Ахтисари и признавањето на незавиноста на Косово, на што дипломатски кусо и неодредено кажа Владата на оваа земја треба да продолжи да го дава својот придонес за политичката стабилност во региониот.