1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фудбал ЕП-Фаворитите одат натаму

22 јуни 2004

Англија и Франција, според очекувањата, се пласираа во четвртфиналето на ЕП во Португалија, откако вчера,не дозволија изненадување во мечевите против Хрватска и Швајцарија, за кои натпреварите завршија

https://p.dw.com/p/AenB
Вејн Руни-играч на мечот
Вејн Руни-играч на мечотФотографија: AP

Не си одиме дома, скандираа од трибините на стадионот Луш во Лисабон, фановите на репрезентацијата на гордиот албион која со победата од 4:2, Хрватска ја испрати дома, а за себе си обезбеди место во четвртфиналето, каде на мегдан ја очекува домаќинот репрезентацијата на Протугалија.

Тинејџерот Вејн Руни на двапати, Пол Сколс и Френки Лампард стрелаа прецизно за Англија, додека Хрватите, кои први дојдоа во водство преку Нико Ковач, успеаа само да го намалат резултатот со голот на Игор Тудор.

Селекторот на Англија, Свен Горан Ериксон, по мечот изјави, дека неговиот тим може да стигне до самата завршница. “Ако играме како во првото полувреме на никој нема да му биде лесно да не победи, рече Ериксон.

Дејвид Бекам ,кој по натпреварот ја пофали играта на младиот Руни, со мислите веќе е во четвртфиналето, каде ги очекува дуелот против домаќинот Португалија

“ Ја гледавме нивната игра на вчерашниот натпревар и видовме што тие можат да сторат и добро забележавме каква игра можат да пружат на теренот. Знаете, Роналдо и Луис Фиго одиграа одлчнo. Не очекува тежок натпревар, сега имаме два дена да се одмориме пред големиот натпревар“

Англија, заслужено победи, оцени Хрватскиот тренер Ото Бариќ според кого неговиот тим го пружил максимумот. Актуелниот европски првак, тимот на триколорите, не дозволи изненадување против Швајцарија. Со двата гола на Тиери Анри и еден на Зидан, Франција, обезбеди прво место во групата и место во четвртфиналето, каде в петок ја очекува натпреварот со Грција.

Единствениот гол за Швајцарците го постигна, 18 годишниот Јохан Волантен, кој стана најмлад стрелец на европското првенство.