1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фудбалерите на Штутгарт повтoрно поразени

24 октомври 2007

Синоќа се одигра третото коло од натпреварите во Лигата на шампионите, во групите Е, ЕФ, ГЕ и ХА. Германскиот шампион Штутгарт повторно со празни раце.

https://p.dw.com/p/Bw0d
На првиот стрелец на Штутгарт Марио Гомез никако да му тргне во оваа сезонаФотографија: AP

Шесткратниот шампион на Франција, Олимпик од Лион го совалада на гостувањето првакот на Германија, Штутгарт со 2 срема 0 и ја оствари првата победа во оваа сезона, додека домаќинот и натаму е без бодови и практично без никакви шанси да се пласира за натамошните натпревари. Во оваа група играа уште Глазгов и Барселона без голови и водат заедно на табелата со по 7 бодови.

Фудбалерите на англиските клубови Арсенал и Манчестер јунајтед продолжија со добри игри и остварија трети едноподруго победи: Арсенал ја декласира Славија од Прага со 7 спрема 0, додека Манчестер на гостувањето во Киев го победи домашниот Динамо со 4 спрема 2. Во групата ГЕ, Интер од гостувањето во Москва се врати со три бода – ја совлада ЦСКА со 2 спрема 1. На португалецот Фиго, по чии центаршути Интер ги постигна двата гола, тоа му беше стотиот натпревар во Лигата на шампионите. Вечер се играат натпреварите во другите четири групи.