1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Французинка - најубава жена во светот

Ж.А. /агенции
30 јануари 2017

Новата најубава жена во светот доаѓа од Франција. Ирис Митенер победи на изборот „Мис Универзум“ во конкуренција од преку 80 убавици.

https://p.dw.com/p/2Wd3d
Miss Universe 2017 Pia Wurtzbach Iris Mittenaere
Фотографија: Reuters/E. De Castro

Французинката Ирис Митенер синоќа ја доби титулата „Мис Универзум“ на натпреварот за убавици во Манила, победувајќи ги фаворитките, убавиците од Хаити и од Колумбија.

Philipinen - Miss Universe Wettbewerb mit Miss France, Miss Haiti, Miss Colombia
Фотографија: Reuters/E. De Castro

24-годишната Ирис Митенер, студентка по стоматологија во Лил, е„ Мис на Франција“ во 2016 година.

Таа изјави дека сака екстремни спортови, патувања и француска кујна. За време на натпреварот, Митенер изјави дека државите имаат право да ги отворат или да ги затворат своите граници за бегалци, но европските земји, меѓу кои и Франција, решија да им посакаат добредојде на бегалците.

„Отворените граници ни овозможуваат да патуваме и да го истражуваме светот“, изјави новата светска убавица.

На натпреварот учествуваа 86 девојки.

Погледнете го видеото од изборот на „Мис Универзум“.

Французинка е „Мис на вселената“