1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција – нуклеарка - протести

18 март 2007
https://p.dw.com/p/AgN2

Во повеќе француски градови десетици илјади граѓани протестираа против изградбата на нова нуклеарна централа во Нормандија. Само во градот Рен, што се наоѓа на 160 км од новата нуклеарка, на улица излегоа повеќе од 40.000 демонстранти. Тие го обвинуваат државното претпријатие за електрична енергија дека со изградбата на нова атомска централа има намера нуклеарната енергија да ја етаблира како клучен извор на енергија во иднина. Во Франција веќе има 58 такви централи, кои покриваат три четвртини од вкупните енергетски потреби на земјата.