1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција не се меша во конфликтот во ЦАР

АТ/ афп/ апе/ дпа/ дапд/ ртр28 декември 2012

Франција одбива да интервенира во воениот конфликт во својата поранешна колонија Централноафриканската Република. Бунтовниците во меѓуврме напредуваат кон главниот град Банги.

https://p.dw.com/p/17ACc
Фотографија: DW/Leclerc

Франција, „во никој случај нема да се меша во внатрешните работи на земјата“, нагласи претседателот Франсоа Оланд. „Тие времиња се минато“. Военот присуство на Франција во Централноафриканската Република (ЦАР) не би требало да „заштитува еден режим“ туку француски државјани и институции. Поранешната колонијална сила Франција имено им даде налог на војниците стационирани во земјата да ја штитат амбасадата.

И покрај ваквото јасно одбивање, претседателот на оваа земја Франсоа Бозизе апелираше до, како што ги нарече роднините од Франција и САД да му помогнат против бунтовниците.

САД имено привремено ја затворија својата амбасада во Централноафриканската Република и ги евакуираа дипломатите од земјата. Причина за овој чекор е напредувањето на бунтовниците кон главниот град и ескалирачкото насилство. Американското министерство за надворешни работи соопшти дека не ги прекинало дипломатските односи со владата во Банги.

Бунтовниците во ЦАР сакаат да го соборат претседателот Бозизе, бидејќи тој според нивните наводи не го спровел мировниот договор склучен во 2007 година. Претседателот на власт е по пучот во 2003 година. Во минатото повеќепати му беше подтребна меѓународна поддршка за да ги задуши бунтовниците.