1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоФранција

Франција: Колбас може да се нарекува само колбасот од месо

Кристијан Валц
1 јули 2022

Колбасите во Франција наскоро ќе се нарекуваат така само ако се произведени од месо. Месната индустрија е задоволна, а здравствените експерти се сѐ друго само не одушевени.

https://p.dw.com/p/4DVEN
Würste auf einem Grill
Фотографија: Lionel Le Saux/PHOTOPQR/LE TELEGRAMME/MAXPPP/picture alliance

Вегетаријанските производи кои се замена за месните производи во Франција во иднина нема да смеат веќе да носат име „колбас“ или „стек“. „Употребата на имиња кои традиционално се поврзуваат со месо и риба за опис на производи кои не припаѓаат на животинското царство, веќе нема да биде можна“, се вели во уредба која треба да стапи во сила на први октомври. Франција е првата земја во Европската унија која воведува вакви ограничувања.

Сојузот на француските преработувачи на месо Интербев одамна инсистира на ваква уредба. Претседателот на сојузот, Жан-Франсоа Гијар смета дека таа претставува „значаен чекор во насока на транспарентноста на информирањето на потрошувачите, како и задржување на нашите продукти и нашиот ноу-хау“.

Наспроти тоа, здружението на научници издравствени експерти Онав, кое е специјализирано за алтернативи на месото, критикува дека мерката служи единствено за заштита на економските интереси на месната индустрија. Истовремено, како што се вели, таа го загрозува преминот во Франција кон одржливи и поздрави растителни алтернативи на месото, чие производство важи за многу штетно за климата.

Vegetarischer Fleischersatz
Фотографија: Francois Destoc/PHOTOPQR/LE TELEGRAMME/MAXPPP/picture alliance

Засега уредбата ќе важи само за производите од Франција. Здруженијата на селаните од владата во Париз побараа да се заложи во Брисел за правило кое ќе важи во цела ЕУ.

Европскиот парламент во 2020 година донесе одлука производите кои се замена за месо да може и натаму да се нарекуваат бургер, стек или колбас. Наспроти тоа, производите кои се замена за млечните производи, освен мал број исклучоци, не смеат веќе да се нарекуваат млеко, сирење или путер.

Вегански стек од 3Д-печатач